05.09.2006 Бр. 13290 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН НЕДЕЛА
  Насловна
  Вести на денот
  Економија
  Црна хроника
  Скопје
  Свет
  Култура
  Балкан
  Одмор и забава
  Естрада
  Спорт
   Архива
   Вработувања
   е-Вечер
   Импресум
   Контакт
   Претплата
   Маркетинг
 
 Пребарај:
 Барај
   Анкета
Колку пари потрошивте/би потрошиле на годишниот одмор?
До 200 ЕУР
Од 200-500 ЕУР
Над 500 ЕУР
Нема да одам на одмор
   Реклами








 Скопје

ВО СРЕД ЛЕТО

Конечно, промоција на скопскиот туризам

Изработени се два постера, туристичката карта и две публикации со историјатот и значајните споменици, како и атрактивните места во градот, а се подготвува ВЕБ-страницата и мултимедијално ЦД

 Градот Скопје, конечно, подготви брошури и пропаганден материјал со кој репрезентативно ќе се претстави пред странските туристи и светската јавност. Во Секторот за туризам велат дека тој наскоро ќе биде доставен до сите странски амбасади во градот и нашите претставништва во странство, но и до туристичките агенции, хотелите и граничните премини во државата. Овој чекор Градот го спроведува со финансиска поддршка од страна на италијанска влада, односно асоцијацијата СЕЕНЕТ, а дел и од сопствените средства од градската каса од која се издвоени пет милиони денари.  “Изработени се два постера, туристичката карта и две публикации со историјатот, со значајните споменици и атрактивните места во градот. Едната брошура е наменета за странскиот пазар, со цел да побуди кај туристот интерес, да го привлече и да даде одговор зошто треба да го посети токму нашиот град. Во таа насока е создаден и нов мит за Скопје како град на седум порти, објаснува Димче Смилев, раководител на Одделението за туризам, при Град Скопје. Според Смилев, втората публикација е туристички водич, кој би им бил даден на туристите при нивно пристигнување во Скопје. Во него е содржани сите места што секој турист треба да ги посети, музеите, како и седумте најбитни работи кои треба да се видат во нив. Внесени се и туристичките тури во Скопје и пошироко, како и места каде може да се седне и да се нарачат традиционалните јадења.   “Она што останува е изработката и печатење на проспекти од селективен карактер, односно за Старата скопска чаршија, Матка, цркви и џамии, споменици на културата и природата, како и за Мајка Тереза. Во тек е и изработката на ВЕБ-страницата, како и на мултимедијално промотивно ЦД, на кое ќе се слуша и музиката на Драган Даутовски. Во наредниот период ќе се работи и на промовирањето на пештерите и можните локации за алпинизам. Дел од проектот  е и отворање на туристичко биро, кое ќе биде лоцирано во просториите на Културно информативниот центар, како и на информативен туристички центар, со седиште на меѓуградсктата автобуска станица,  додава Смилев. Тој напоменува дека бројот на туристите годинава е зголемен за 20 отсто во однос на лани.   

 Даниела ТРАЈКОВСКА              


Веста е прочитана 595 пати.
 Реклами





© Вечер Прес, сите права задржани