05.09.2006 Бр. 13290 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН НЕДЕЛА
  Насловна
  Вести на денот
  Економија
  Црна хроника
  Скопје
  Свет
  Култура
  Балкан
  Одмор и забава
  Естрада
  Спорт
   Архива
   Вработувања
   е-Вечер
   Импресум
   Контакт
   Претплата
   Маркетинг
 
 Пребарај:
 Барај
   Анкета
Колку пари потрошивте/би потрошиле на годишниот одмор?
До 200 ЕУР
Од 200-500 ЕУР
Над 500 ЕУР
Нема да одам на одмор
   Реклами








 Естрада

ВЕСНА И ЏОЛЕ АЛИЈАС "ЏОГАНИ ФАНТАСТИКО"

ЏОЛЕ: Со Слаѓа сум во одлични односи!

"На неодамнешниот настап во Сараево каде што добивме награди за спот на годината за песната "Чекам те код колима" и хит на годината, на првиот ден кога се доделуваа наградите и имаше околу 3.500 луѓе, додека следниот ден на настапот бројката беше нешто помала. Мислевме дека така или приближно ќе биде и во Скопје, но кога по вечерата се упативме кон дискотеката сфативме дека ќе има многу повеќе луѓе. Не можев да поверувам. Целата мешаница и еуфорија беше како во филмовите или како на настапите на Мајкл Џексон. Можеби е смешно, но во тој момент ја зедов камерата и снимав бидејќи тоа сепак е настан каков што досега не сме доживеале, раскажува Џоле за неодамнешниот настап во скопската дискотека "Ла Фабрик".  
Веројатно, прашањето дали сте задоволни од настапот е одвишно, но еве да се навратиме и да позборуваме за импресиите? 
-Презадоволен сум, концертот беше феноменален. Ова е еден, да не речам најдобар настап во нашата историја. Ретко се доживува да дојдат 4.500 луѓе и уште, што е и најважно 1.500 да не можат да влезат.  
Освен Вашите ги пеете и актуелните хитови на колегите, зошто? 
-На настапите имам концепција по, би рекол, СФРЈ. Така е бидејќи секогаш се чувствувам како Југословен. Така сум роден, така ќе умрам и тоа е крај. Овде почнавме со "Македонско девојче" од едноставна причина што сакав на тие луѓе кои беа дојдени да им посакам добредојде. Не сме дојдени само да истезгариме и да си одиме. Останатите песни, пак, ги пеевме поради атмосферата, затоа што сакаме да и го дадеме на публиката она што и ним во моментот им се допаѓа. Како "Џогани фантастико" имаме вкупно девет албума, шест со Слаѓа и уште три сега, програма од околу 4-5 часа, што е сосема доволно да пееме само наши песни, но правиме програма во која може да учествува и публиката.  
Како Џоле се носи со она "бившиот сопруг на Слаѓа" што најде место дури и во "Чекам те код колима"? 
-Сето тоа ми е ОК. Веројатно, знаете врз основа на што настана таа песна, во која раскажувам некоја своја историја, автобиографија. Во прашање се некои лапсузи што како вицеви се прераскажуваа низ Белград. 
Ве има многу по таблоидите, почнувајќи од промената на роденото име, до разводот, врската со Весна? 
-На белградските таблоиди никогаш не сум им дал ниту едно интервју. Вие имате доказ, разговорот е снимен, а ајде да ги видам нив. Ќе одбиеш разговор, а тие измислуваат. Сме многу популарни, актуелни, Весна е згодна, убава, а изгледа и јас сум им симпатичен, па измислуваат се и сешто. Исто е и со Слаѓа. Да, таа е во Италија, но од друга причина. Пишуваат се и сешто, а точно е само дека е прекрасна личност. Ние сме разведени, но останавме во добри односи. Добро се согласуваме, и тоа е крај.  
Весна пее "Ожени ме", па кога конечно ќе се случи тоа?  -Па, можеби... Можеби и тоа ќе се случи. Иако бракот не е најдобра основа за љубов. Потпишување е апсолутно небитно, не значи ништо. Важно е почитувањето, заемното разбирање...   

Александра Тимковска  Фото: В. Перковски - А. Ивановски   


Веста е прочитана 1070 пати.
 Реклами





© Вечер Прес, сите права задржани