|
|
ОПШТИНА САРАЈ СО СОПСТВЕНА БЕРЗА НА ТРУДОТ
Со "Наша страна" до вработување
Општина Сарај го промовираше четвртиот столб од Наша страна (www.nasastrana.org.mk) преку кој ќе се добие соодветна евиденција и пребарување на работниот потенцијал во неа. Со матрицата, оваа скопска општина може да се пофали со сопствена берза на трудот, бидејќи во електронскиот центар се претставува целокупниот работен потенцијал на населението што живее на целата територија на Сарај, без разлика на образованието, полот и стручната спрема. Со Наша страна и претставувањето на работниот потенцијал ќе се овозможи и целосен локално-економски развој на реонот. Мрежниот електронски центар е реализиран со финансиска поддршка на Фондацијата Е-Македонија на "Македонски телекомуникации". Тој ќе и овозможи на Општината да продолжи да се развива со правилна примена на информатиката и глобалната компјутерска мрежа. Од друга страна пак се повикуваат инвеститорите, донаторите и кредито-давателите да се запознаат со работниот потенцијал на Сарај. (В.Ма.)
Веста е прочитана 455 пати.
|




|
| © Вечер Прес, сите права задржани |
|
|