05.09.2006 Бр. 13290 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН НЕДЕЛА
  Насловна
  Вести на денот
  Економија
  Црна хроника
  Скопје
  Свет
  Култура
  Балкан
  Одмор и забава
  Естрада
  Спорт
   Архива
   Вработувања
   е-Вечер
   Импресум
   Контакт
   Претплата
   Маркетинг
 
 Пребарај:
 Барај
   Анкета
Колку пари потрошивте/би потрошиле на годишниот одмор?
До 200 ЕУР
Од 200-500 ЕУР
Над 500 ЕУР
Нема да одам на одмор
   Реклами








 Култура

ЕДЕН ВЕК НА МАКЕДОНСКАТА СЕДМА УМЕТНОСТ

Во првиот кадар - баба Деспина

СНИМАЈЌИ ЈА СВОЈАТА 114-ГОДИШНА БАБА ДЕСПИНА, ОД КОСТУРСКО, БРАЌАТА ЈАНАКИ И МИЛТОН МАНАКИ ПРЕД 100 ГОДИНИ ПОЧНАА ДА ГИ ИСПИШУВААТ ПРВИТЕ СТРАНИЦИ НА МАКЕДОНСКАТА ФИЛМСКА ПРИКАЗНА

Македонската седма уметност, годинава, ќе ја одбележи 100-годишнината од првите подвижни слики на Балканот. Браќата Манаки се луѓето кои пред еден век го трасираа македонскиот филмски пат, снимајќи ја нивната 114-годишна баба Деспина, во родното село Авдела, Костурско. Со камерата "Биоскоп" - 300, купена во Лондон, од компанијата "Урбан", тие документираат многу важни моменти од нивното време. Само десетина години по појавата на филмот како феномен, ги снимаат "Посетата на Султанот Мехмед Рашид Петти на Солун и Битола", "Празнување на религиозниот празник Водици", "Романскиот министер Истрате ги посетува Битола, Гопеш и Ресен", "Номадите Каракачани", "Посетата на Принцот Александар на Битола". Зачувани се и кадри од народни обичаи, свадби, ритуали.  Јанаки (1878 - 1954) и Милтон Манаки (1880 - 1964), во Јанина отвораат и фотографско студио, а по преселувањето во Битола, во 1905 го отвораат новото "Студио за уметничка фотографија". Тие учествуваат и на големата светска изложба на фотографии во романскиот град Синаја и таму освојуваат златен медал за нивната фотографска колекција. Браќата фотографирале комитски водачи, бунтовници, македонски револуционери, а во наследство ни оставиле и импресивни фотографии од балканските војни и од првата светска војна.  Манаки се заслужни и за почетоците на кино културата во Македонија. Тие го проектирале првиот филм во 1921, во нивното кино "Манаки", под отворено небо, на битолски Широк сокак.  
Прославата на овој значаен јубилеј за македонскиот филм ќе се случи на 26. Интернационален фестивал на филмска камера "Браќа Манаки", што ќе се одржи од 20 до 25 септември. Луѓето од фестивалот, за оваа пригода соработуваат со "Вардар филм", "Кинотека на РМ" и Друштвото на филмските работници. Засега е познато дека ќе има посебен осврт на македонскиот филм и оти течат преговорите на "Вардар филм" со Друштвото на филмски работници за отстапување на правата за прикажување на филмови.     

Дејан ТРАЈКОСКИ   


Веста е прочитана 514 пати.
 Реклами





© Вечер Прес, сите права задржани