05.09.2006 Бр. 13290 ИЗЛЕГУВА СЕКОЈ ДЕН ОСВЕН НЕДЕЛА
  Насловна
  Вести на денот
  Економија
  Црна хроника
  Скопје
  Свет
  Култура
  Балкан
  Одмор и забава
  Естрада
  Спорт
   Архива
   Вработувања
   е-Вечер
   Импресум
   Контакт
   Претплата
   Маркетинг
 
 Пребарај:
 Барај
   Анкета
Колку пари потрошивте/би потрошиле на годишниот одмор?
До 200 ЕУР
Од 200-500 ЕУР
Над 500 ЕУР
Нема да одам на одмор
   Реклами








 Скопје

НОВИ ЦЕНОВНИЦИ ЗА КОМУНАЛНИТЕ ТАКСИ

Билборд за 1600 денари годишно!

ДНЕВНА РЕКЛАМА ВО ВЕСНИК 8 НА 5 САНТИМЕТРИ ЧИНИ ИСТО КОЛКУ И РЕКЛАМНО ПАНО НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ГОДИШНО. ПЛОШТАДИТЕ ЌЕ СЕ ИЗНАЈМУВААТ ЗА ЖУРКИ И ИЗЛОЖБИ ЗА СЕДУМ ДЕНАРИ ОД КВАДРАТЕН МЕТАР НА ДЕН

Рекламно пано на некоја од скопските  улици или едно објавување реклама од 40 квадратни сантиметри во дневните весници - сето тоа за илјада и шестотини денари. Вака би изгледала една проста споредба на новите цените за рекламни паноа, што деновиве ги усвоија општините. Ова не се однесува на билбордите. За нив важи посебна процедура. Лиценците се даваат преку тендер и до 2008 година со нив ќе стопанисуваат компаниите "Еуролинија" и "Акцент Медија".   
Рекламно пано, независно со колкави димензи, од денес ќе ги чини неделно 800 денари, месечно 1300 за еден месец или 1600 денари годишно. Според ценовниците на дневните весници, за 1600 денари можете да добиете реклама во боја со димензии од 8 сантиметри, ширина на 3 сантиметри височина, или црно-бела 8 на 5. Цените на билбордите се движат од 250 до 1000 евра за четири недели, а рекламните паноа "сити лајт" се од 120 до 180 евра.   
Комуналната таска за рекламни паноа досега се уплаќаше на сметката на Буџетот на Република Македонија. Со стапувањето на сила на новите закони за локалната самоуправа, таксите ќе ги полнат сметките на Градот Скопје и на општините. Седумдесет отсто од таксата ќе за рекламни паноаа ќе и припаднат на градската каса, а остатокот ќе биде приход за општините.   
Со новиот ценовник на локалната власт, дуќанџиите и угосителите ќе можат да направат тезги или тераси пред локалите, за 15 денари од квадратен метар на ден. За  седум денари од метар квадраден на ден, граѓаните ќе можат да праваат журки и изложби плоштадите, за витрини за изложување производи ќе се плаќа од 1300 до 2700 денари годишно.   

Васко МАРКОВСКИ 


Веста е прочитана 518 пати.
 Реклами





© Вечер Прес, сите права задржани